Доживотен затвор за Палевски и останатите обвинети за двојното убиство на Вања и Панче, ослободителна пресуда за таткото Александар

од Nikola Popovski
769 прегледи

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски добија доживотна затворска казна. Судот за кривичното дело „грабнување“ ги осуди по 10 години,а за кривичното дело убиство ги осуди на казна „доживотен затвор“.

Според одлуката на Судот, сега веќе осудените се упатуваат на спор во граѓанска постапка по тужбите за отштета од страна на семејствата на усмртените лица.

Судијата исто така го ослободи од обвинението таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Судските трошоци за него паѓаат на товар на државата. Како што се вели во одлуката, Јавното обвинителство не докажало надвор од разумно сомневање дека го сторил делото.

-Обвинителството не бара продолжување на неговиот притвор, рече една од обвинителките во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Слични содржини