Дознајте повеќе за личноста според линијата на срцето

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Ако ги погледнете дланките, ќе видите многу линии. Секоја од нив има име и покажува одредени работи. Линијата на срцето може да открие многу за вас како личност. Погледнете ја оваа слика, а потоа соберете ги дланките како што е прикажано. Погледнете како се распоредени вашите линии на срцето на дланките и што покажуваат за вас.c69acce9da54c20e4dbdee1f88151cb8

1. Двете линии се совпаѓаат
Ако вашите две линии на срцето се совпаѓаат целосно, тоа покажува дека вие сте човек со чиста душа. Чувствителни, нежни на сите можни начини. Свесни сте за туѓото страдање и секогаш наоѓате начин да го кренете духот на луѓето кога тие се наоѓаат во тежок момент.

Што се однесува до сериозните врски , и склучување на брак, вие сте од овој тип луѓе кои би ја оддале својата љубов за цел живот на човек кого го познавате многу добро. Во животот има многу врвови, но и моменти на слабост. Сепак, секогаш успевате да застанете на нозе и да продолжите напред.

2. Кога линијата на срцето на десната рака е повисоко поставена
Погледнете ги дланките. Гледате каде е сместена десната линија на срцето? Ако таа е повисока, тоа значи дека вие сте човек со многу “стара” душа. Во љубовта почесто преферирате постар од вас партнер. Не се водите од правила, туку ги следите своите планови. Не ви се допаѓа конзервативното.22cdc1a891e50ab11e1b04272ca25e2d
Тешко допуштате луѓе до себе, бидејќи сте претпазливи. Држите до тоа да ја кажувате вистината со цената на сè, но и држите до тоа луѓето да бидат коректни. Обично не сте заинтересирани што мисли околината за вас. Тоа не значи дека не го почитувате нивното мислење, едноставно не се оптоварувате со непотребни емоции.

3. Линијата на левата рака е повисока од онаа на десната
Ако линијата на левата рака е повисока од линијата на десната, тоа сугерира дека вие сте вистински борец, кога станува збор за љубов. Секој пат кога љубовта ќе ве посети сте подготвени да победите уште еден предизвик.

Верувате во вистинската и пламена љубов и не престанувате да ја барате. Кога треба да се бранат интереси, било да е тоа лични или службени, понекогаш може да биде и агресивно. И не на последно место, луѓето со повисока лева линија на срцето, обично секогаш оставаат силен впечаток. Тие имаат силна харизма.