Дозволата за брак потврди: Канје Вест тајно се оженил со Бјанка Ценсори

од Vladimir Zorba
430 прегледи

Само два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан, се појави веста дека Канје Вест тајно се оженил со 28-годишната архитектка Бјанка Ценсори, но многумина не веруваа дека тоа навистина се случило.

Британски „Дејли Мејл“ ја добил дозволата за брак со која се докажува дека тие всушност се венчале на 20 декември 2022 година, а за тоа користеле таканаречена „доверлива дозвола за брак“. Според таа дозвола, Бјанка Ценсори го навела нејзиното полно име, а Вест се регистрирал како Је (Ye), името што тој законски го промени во октомври 2021 година.

Да потсетиме, брачната двојка цело време ги чуваше во тајност деталите од својата венчавка, а на почетокот на годината се шпекулираше дека се венчале, но никогаш официјално не го потврдија тоа. Во јануари годинава се венчаа во Беверли Хилс, но церемонијата не беше легална бидејќи не поднеле барање за дозвола за брак.

„Бјанка и Је имаат сосема поинакви „вибрации“. Тие се многу приватни, приврзани и целосно посветени еден на друг. Тие се опиени еден со друг”, рекол извор за британскиот магазин.

Не се знае точно кога Канје и Бјанка почнале да се забавуваат, а таа му се придружила на неговиот бренд Yeezy како вработена во ноември 2020 година.

Две години подоцна, раперот ја објави песната „Censori Overload“ како почит на Бјанка.

Слични содржини