На украинските експерти им беше дозволен пристап до местото на експлозијата на ракетата во Полска, изјави Јакуб Кумоч, шеф на бирото за меѓународна политика на кабинетот на полскиот претседател.
„На украинските експерти им е дозволено да дојдат до местото на падот на ракетата“, напиша Кумоч на Твитер.
Тој на Твитер напиша дека „Украина не е виновна што се бранела од Русија и се бори против руските ракети“.
Powtarzam jeszcze raz: Ukraina nie jest winna tego, że broni się przed Rosją i walczy z rosyjskimi rakietami. Ukraińscy eksperci są dopuszczeni na miejsce. Dziękuję @USAmbPoland i @Vasyl_Zvarych za współpracę w tej bardzo ważnej sprawie.https://t.co/c8tw54DyX9
— Jakub Kumoch (@JakubKumoch) November 17, 2022
Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера изјави дека за давање пристап до местото на експлозијата ќе биде потребна согласност од двете земји кои ја водат истрагата, Полска и САД.
Кумоч рече дека Полска има видео доказ за експлозијата.
„Видео материјалите навистина постојат, не би сакал да зборувам за содржината до која имав пристап“, наведе Кумоч претходно.