Владата донесе одлука од денеска да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот.
Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, Владата го прифатила предлогот на Министерството за економија, да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот.