ДПА: Германското разузнавање прислушувало десетици влади од ЕУ и партнери од НАТО

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Седиштето на БНД во Берлин.

разизнаванје бнд Федералната разузнавачка служба на Германија БНД во 2013 година ги  прислушувала владите на десетици земји од ЕУ и партнери од НАТО. Ова го соопшти агенција ДПА, повикувајќи се на документ на парламентарната комисија за контрола на специјалните служби.  “Особено интензивно била прислушувањето на дипломатски претставништва на земјите од ЕУ и НАТО во целиот свет”, посочува ДПА.

Генерално БНД  следело 3,3 илјади објекти, меѓу кои има шефови на држави и влади, министри, воени институции. Објектите на највисоко ниво биле “неколку десетици”.

Отпрвин, по откривањето на ексагентот на ЦИА Едвард Сноуден стана јасно дека американското разузнавање шпионирало стотици илјади граѓани во Германија По скандалот  се доби друг пресврт , и се покажа дека Американците биле потпомогнати во следењето на европски  објекти од БНД. Од федералната разузнавање постојано изjавувале дека по откритието на Сноуден во 2013 година практиката за следење на партнери од НАТО и ЕУ била прекината. Последните податоци, сепак, може да создадат дипломатски потешкотии за германската влада, особено во услови на нееднозначната ситуација во ЕУ по “Брекзит”.