ДПА го промовираше кандидатот за општина Теарце

од desk4
86 прегледи

Пред се ќе се заложам да има доволно вода за пиење за сите села. Ќе ја санираме секундарната водоводна мрежа која не е заменета повеќе од 60 години. Ќе ја подобриме патната инфраструктура со тоа што ќе изградиме улици таму каде што нема и ќе ги санираме таму каде што се оштетени. Ќе изградиме тротоари за да ги заштитиме граѓаните од несреќи кои се случуваат, сигнализација на главниот пат и јавно осветлување во сите населени места, бидејќи граѓаните плаќаат за тоа. Максимално ќе вложиме напори да се обезбедат средства за изградба на канализација за сите села. – изјави Рухан Илјази, кандидат на ДПА за Теарце