ДПА: Горди сме што одредени центри не успеаја да не избришат од политичката сцена

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Демократската партија на Албанците ја оцени 2016 како многу лоша, посебно за Албанците кои живеат во Македонија. На традиционалното новогодишно обраќање на партијата, се обрати секретарот на ДПА, Азем Садику. Тој посочи дека и надворешни и внатрешни фактори, постојано работеле против ДПА, а со тоа и против албанските интереси.

– Сме кажале дека оваа војна од центри кој се води против Албанците во Македонија, се идентификува со војната која со децении се води против ДПА, бидејќи тие центри знаат колку е послаба ДПА, толку полесно ги остваруваат своите непријателски цели кон Албанците – изјави Садику.

Тој истакна дека се горди што како партија никој не успеал да ги избрише од политичката сцена и сега како ДПА ќе имаат одлучувачки мандат, мандат на етничката опозиција.

Садику, во својот говор посочи дека ДУИ е најголемиот губитник од овие избори, а Алијансата за Албанците ја обвини дека работела за други интереси и нејзина цел била да се спречи големата победа на ДПА.

На новогодишното обраќање на ДПА беше присутен и лидерот на партијата Мендух Тачи. Тој за новинарите не сакаше да даде никаков коментар, ниту пак образложи зошто двајцата пратеници од ДПА, денеска не учествуваа на конститутивната седница на собранието на Македонија.