Демократската партија на Албанците одржа изборна средба со жителите на Сарај каде ја претстави изборната програма и проектите предвидени за следните четири години. Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, ја потенцираше потребата за решавање на колективните проблеми. Според Тачи, Сарај има потреба за урбанизам, училиште и вода за пиење. Меѓу другото, тој потсети и на неуспесите на актуелниот градоначалник и немарноста на централната власт за барањата на жителите од Сарај.
„На овие избори излегуваме со нашите кандидати и нашата платформа за да докажеме уште еднаш дека ова е единствениот пат кој води кон решавање на нашите колективни проблеми. Праксата и секојдневниот живот говорат за тоа. Овие што се на власт 15 години и 8 години во локалната власт и верувајте дека ми е срам кога ги слушам како зборуваат пред вас. Ќе ги направиме водата, канализацијата, училиштето и друго, но за 15 години власт тоа се уште не се случило и нормално дека граѓаните Албанци ќе изразат многу голема недоверба кон овие партии кои се на власт“, рече лидерот на ДПА, Мехдух Тачи.