ДПА на Тачи излегува од Европскиот фронт

од Nikola Popovski
86 прегледи

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напуштил Европскиот фронт. Ваквата одлука ја потврдиле и од неговата матична партија, нагласувајќи дека нема да бидат повеќе дел од опозициската коалиција, но дека Тачи ќе остане само во комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт. Претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.

За разлика од ваквото соопштение, Ахмети и покрај вчерашното отсуство на Тачи на вчерашниот настан на коалицијата, вели дека тој продолжува да биде на линија со Европскиот фронт.

„Имаше други обврски. Зборував и пред средбата и по средбата. Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема“, нагласил Ахмети, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.

По заминувањето на Тачи, Европскиот фронт останува со 17 пратеници во Собранието.

Слични содржини