ДПА своите изборни активности ги продолжи во Гостивар

од Vladimir Zorba
70 прегледи

За време на мојот мандат ќе побарам од владата и јавно-приватните инвеститори рециклирање на отпадот, додека за фабриката “Силика” ќе побарам неизбежно да постави филтри. Во првите три месеци ќе го ставам во функција зелениот пазар, таму каде што беше порано. До крајот на мандатот ќе го отворам патот Браќа Ѓиноски и ќе ги преименувам улиците кои се уште ги носат имињата од комунистичкиот систем, како што е улицата “ЈНА”. Посебно внимание ќе му посветам на образованието, бидејќи тоа е иднината на нашите деца.” – изјави Себајдин Изаири, кандидат на ДПА за Гостивар