ДПА утре ќе одредува датум за избор на нов претседател

од desk2
71 прегледи

ДПА утре ќе одржи Централно собрание на кое ќе се одреди датумот на вонредниот Конгрес на партијата на кој што ќе се избира новиот претседател.

Од оваа партија официјално не ги откриваат имињата на кандидатите кои претендираат да го заменат Мендух Тачи, кој повеќе од еден месец е во оставка. Но, не се исклучува можноста Тачи и понатаму да остане на чело на партијата. Во ДПА велат дека за сè ќе се одлучи на Конгресот.

„За во сабота е свикано Централното собрание. Тоа ќе го одреди датумот за одржување на вонредниот Конгрес. Сè уште нема потенцијални имиња за претседател на партијата. Кандидати ќе се одредуваат од денот на Собранието до одржувањето на Конгресот“, соопштуваат од ДПА.