ДПИ и МВР во акција: Приведени четири лица затекнати во објект кој претходно бил пломбиран

236 прегледи

Државниот пазарен инспекторат во прдружба на полицијата извршиле контроли во 229 угостителски објекти по законски пропишаните прописи за работното време на истите до 18 часот.

Во рамки на обиколката, било констатирано дека еден објект не ги почитува мерките, односно во објект на бул.„Јане Сандански“, кој претходно бил затворен со пломба, биле затекнати А.Д. и И.Г. од Скопје, М.Т. од Нов Дојран и Д.Т. од с.Самоков, Македонски Брод. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром поради сомнение дека извршиле кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“, предвидено и казниво по член 398 од Кривичниот законик.

За овој настан бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, при контрола во угостителски објект на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Ј.Ф., од страна на Државниот пазарен инспекторат изречена е мерка нерегистрирана дејност од Закон за нерегистрирана дејност.

Слични содржини