ДПИ изврши надзори во над 400 економски субјекти, генерално се почитува одлуката на Владата за цената на лебот

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера и денеска изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела држава при што утврди дека генерално се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот од 450 гама на 33 денари.

-Досега од контролите е утврдено дека цената на лебот во зависност од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари и дека се доставува леб кој е опфатен со одлуката, информираат од ДПИ

Нагласуваат дека Државниот инспекторат и понатаму ќе продолжи да врши контроли кои се однесуваат на почитување на замрзнатата цена на лебот.

-Потребно е сите да ги почитуваме одлуките на Владата, бидејќи примарна цел е сузбивање на профитерството во време на криза, и залагање за солидарност, односно да се има разбирање и да им се излезе во пресрет на граѓаните. Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности, велат од ДПИ.

Пазарниот инспекторат, посочуваат, постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

-Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, истакнуваат од ДПИ

Слични содржини