СДСМ смета дека има нервоза кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што, како што велат, владеачката партија нема аргументи и не може да го одбрани предложениот Буџет за 2025 година. Партијата на Венко Филипче тврди дека предлог-Буџетот е „расипнички и гломазен, не нуди развој на економијата ниту покачување на платите“.
-Мицкоски најавува гасна когенеративна централа за да се намали загадувањето а во Буџетот нема пари за тоа.
Власта е фатена и како прекршува Закон, Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. Фискалната политика на власта води кон уништување на финансиската стабилност на земјата.
Вчера Почна расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Министерката за финансии во обраќањето пред пратениците рече дека буџетот се базира на реални макроекономски и фискални проекции и ќе обезбеди непречено функционирање на институциите и навремено исплаќање на платите и пензиите.
Додека власта ветува развој, опозицијата критикува дека се бара алиби за нови задолжувања. Поднесени се повеќе од 300 амандмани.
Приходите се планирани на 6 милијадри евра, или за 13% повеќе од годинава. Расходите се 6,5 милијарди евра, или за 10% повеќе. Дефицитот од близу 700 милиони евра ќе се покрива со заеми. Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7%. Буџетскиот дефицит на 4% од БДП. А инфлацијата на 2,2%.