По Локалните избори одржани на 17 октомври 2021 година и на 17 април 2022 година, во кои на двата избори немаше доволен одзив, односно немаше потребната излезеност на гласачите согласно изборниот законик, жителите на Центар Јупа на 20 Август 2022 година по трет пат излегоа на гласање и избраа градоначалник.Нашиот кандидат Аријан Ибраим, која на двата претходни избори ја доби големата поддршка од граѓаните и со огромно мнозинство ја освои претходните избори, со апсолутна победа ги напушти и вчерашните избори со освоени вкупно 3.340 гласа, велат од Демократска Партија на Турците на Македонија.
Оттаму посочија дека опозициската страна ДНЕТ вчера ги бојкотирала изборите и не предложила кандидат, додавајќи дека одлуката за бојкот на опозициската страна била спречена со „посветените и големите напори на нашиот огранок, како и од народот и изборниот процес заврши успешно“.
-И покрај бојкотот, провокациите, клеветите и обвинувањата на опозициската страна, нашиот огранок и нашите членови дејствувајќи со национална свест, успеаја да го зачуваат постоењето на единствената Турска општина во нашата земја, а Демократска Партија на Турците на Македонија уште еднаш ја остави свој белег во Центар Жупа.Победата и припаѓа на Демократска Партија на Турците на Македонија!Победата им припаѓа на граѓаните од Центар Жупа!По вчерашните резултати Општина Центар Жупа со која управуваме веќе 26 години, и во наредниот период ќе се раководи од страна на Градоначалникот од редовите на Демократска Партија на Турците на Македонија и ќе продолжи да спроведува успешни проекти, велат од Демократска Партија на Турците.