Др. Атанасова: Зимско сметање на времето повеќе предизвикува емотивни, отколку физички проблеми

Таа за „Локално“ вели дека зимското сметање на времето повеќе одговара во однос на штедење на ресурси и на енергија, како и во однос на затоплување на јавните установи

од Бисера Трајковска
43 прегледи Фото: принтскрин

Зимското сметање на времето може да предизвика мачнини, тегоби и гадење, а најчесто се јавуваат и промени во расположението. Повеќе се емотивни и емоционални, отколку што се физички проблеми, вели за „Локално“ докторката Мира Атанасова.

Како што објаснува, реперкусии ќе имаат и пациенти со хронични дијагнози.

-Пад на притисокот, покачување на притисокот, срцебиење, тахикардија, промена во брзина на работа на срцето, нелагода и голем замор се дел од симптомите. После две недели пациентите веќе се адаптираат и влегуваат во нормален колосек, посочува Атанасова.

Таа е на ставот дека зимското сметање на времето повеќе одговара во однос на штедење на ресурси и на енергија, како и во однос на затоплување на јавните установи, училишта и градинки.

Б.Т.