Др.Беќаровски: Бројките на заболени и натаму ќе растат, кај нас делта плус ќе биде маскиран со делта варијантата

од Берта Китинска
814 прегледи

За некои работи навистина се однесуваме како стадо. Сабота недела гледаме шпанско, италијанско, англиско превенство, преполни стадиони, а таму смртноста е помала поради добро спроведена вакцинација. Кај нас е поголема, а причината е многу едноставна, прво кога дојдоа вакцините сите прашувавме за нејзината ефикасност, вели д-р Нико во Утрински брифинг.

-Објективно во моментов, Фајзер и Астра Зенека ја имаа таа ефикасност, но како мутираше вирусот се намали ефикасноста и сега е од 70 до75, а тоа значи дека 25-30 од вакцинираните не создаваат имунитет. Не се овозможи систем со кој ќе определиме дали вакцината е успешна или не. Може е скап за здравствениот систем. Немавме кампања за вакцинирање со која на луѓето ќе им се кажеше, вакцинирајте се ефикасна е вакцината во одреден процент, вели Беќаровски.

Тој очекува реално бројките на заболени и натаму да растат, зошто последиците од политичките кампањи и собирите може да се очекуваат за 15 дена, после изборите кога граѓаните се опуштија на митинзите.Делта плус сојот ќе биде маскиран со делта варијантата кај нас, рече д-р Беќаровски додавајќи дека во Европа во моментов предоминира делта плус варијантата.

Слични содржини