Др.Беќаровски: По 2 месеци летен распуст, на 1 септември сите деца во училишните клупи

од Берта Китинска
371 прегледи

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека според досегашните статистики и податоци поврзани со делта сојот нема  ниту едно дете хоспитализирано, па затоа препорачува учениците по распустот да се вратат во клупите.

-Точно е дека ДЕЛТА сојот е позаразен и почесто ги напаѓа помладите, но факт е дека во Британија, нема ниту едно дете хоспитализирано поради компликации од овој сој.Затоа, по 2 месеци летен распуст, на 1 септември сите деца во училишните клупи, напиша Беќаровски.

Слични содржини