Др.Беќаровски: Последиците кои ги остава коронавирусот се карастрофални

од Берта Китинска
237 прегледи

Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се карастрофални, вели професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Тој се надева ова лето пандемијата ќе стивне.

„Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен.Сега на површина излегуваат пациентите кои тешко ја поднеле пандемијата и  имаат потреба од лекар, а тука е и постковид синдромот“, вели Беќаровски.

Тој објасни дека најголемиот процент на пост-ковид синдромот е зафатеноста на белите дробови.

„Сега вирусот проаѓа, но тоа ткиво никогаш не може да се врати во нормала како претходно“, вели Беќаровски..

Според него, ако претходно сме со 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, сега тој капацитет е намален.

„Човек кој не може да внесе доволно кислород, полесно се уморува, потешко дише, најмали пречки му создаваат проблем. Кај голем дел од останатите пациенти имаше воспаление на срцевиот мускул. Тој делумно ќе се врати во нормала, но кај дел нема да се врати, без оглед што станува збор за вирусна инфекција. За оштетувањата на крвните садови да не зборувам. Исто така има и голем проблем со шеќерот кај некои“, информира Беќаровски.

Слични содржини