1,K
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија, на својот Фејсбук профил напиша свој коментар поврзан со најавениот скрининг на децата во училиштата.
-Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови,коментира Беќаровски.