Бројките што ги гледам на дневна основа досега не надимнеле над 3000, очекувам да имаме едно плато на новозаразените.Ако не се појави нов сој би очекувале сите во раните пролетни месеци или до средината на годината пандемијата да преминува во некоја помирна фаза така се и препокарите од сите светски вируслози вели во Утрински брифинг директорката на ДСЗИ Д-р Ирина Сотирова Бухова.
Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.