476
Според невропсихијатарот Методи Чепреганов или вирусот е многу вирулентен и го прави тоа што го прави или имунологијата на теренот, на кој наидува е многу слаба и не може да одговори за да остане во живот.
-Порано зборувавме и за коморбидитети, како ризик фактори. Сега има и многу протоколи, а прашањето е дали се соодветни, за да одговорат на вирусот. Сум во една стручна дилема кој е главниот фактор, кој за жал носи висока смртност. Сепак тоа не е поради неорганизација на здравствениот систем, затоа што веќе сме поискусни, поминати се веќе 2 години, вели Чепреганов за ТВ 24.