Со пандемијата имаме искуство веќе две години секој нареден сој беше позаразен од предходниот и секој од нив го заобиколуваше имунитетот од предходниот вирус, а вакцините останаа исти, вели епидемиологот Драган Данаиловски во „Тема на денот“ на Сител.
-Омикронот го заобиколува имунитетот и сега имајќи предвид дека вакцинираните се заразуваат излегува дека вакцините се неефикасни. Добрата вест е што штитат од тешки симптоми и смрт.Бидејќи омикронот е позаразен потребни се повисоки антитела за да се спречи инфекција и заради тоа најзаштитени од омикорн се оние кои прележале вирусот и имаат примено две дози вакцини, но битно е колку време поминало од прележувањето како и од вакцините. Третата доза е најдобра одбран од повторна инфекција затоашто го бустира имунитетот , вели Данаиловски.
Тој смета дека омикорн е почеток на крајот на пандемијата.
-Мислам дека омикронот е почеток на крајот , малку е веројатно да се случи катаклизма заради појава на нови варијатни, вели епидемиологот.