Др. Исјановски: Бројките по изборите постепено растат, потребни се нови мерки

од Берта Китинска
1,3K прегледи

Започнува вакцинацијата за сезонски грип. Досега се пријавени околу 22 илјади граѓани.Нашите тимови се подготвени за вакцинација во три пункта во поликлиниката Идадија,поликлиника Бит пазар каде ќе се вакцинира во две смени и поликлиниката во Ѓорче каде ќе се врши вакцинација во втора смена, вели во изјава за „Локално“,доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом-Скопје.

Тој објаснува дека во првата пратка на сезонски вакцини за грип ќе има 4.000 вакцини, а истите ќе бидат наменети за медицински лица, хронично болни пациенти, за граѓани над 65 години и за деца под 5 години.Докторот смета дека доколку во иднина останат вакцини за грип министерството за здравство би требало да овозможи и останатите лица кои не се во ризичните групи да се вакцинираат.

– Со време започнуваме со вакцинација затоа што епидемиолошки гледано грипот најактивен е во февруари, објаснува директорот на Здравствениот дом, додавајќи дека лицата кои примиле вакцина против ковид 19 препорачливо е да причекаат 10 дена по примањето на вакцината и да дојдат да се имунизираат против грип.

-СЗО препорачува да се прими оваа комбинација затоа што вакцината против грип не штити од ковид, вели Исјановски.

Во врска со тоа дали е потребно некаква мотивација како награда за да се зголеми бројот на вакцинирани лица во земјава , докторот вели дека ќе мора да се превземат некои чекори затоа што бројот на заразени полека се зголемува.

-Потребна е мотивација затоа што бројките во соседството енормно брзо растат и постои ризик тие бројки и кај нас да пораснат, сметам дека треба една позасилена медиумска кампања, институциите како и медицинските лица и политичарите да го поттикнат населението да се вакцинира. Доколку граѓаните сакаат да се имунизираат оваа работа би ја завршиле многу брзо бидејќи не сме бројна држава за да треба долго време. Гледаме дека бројките по изборите постепено растат, луѓето малку се опуштија беа насочени кон политиката и случувањата сега политиката треба да се тргне на страна и да заборавиме на она што се случило за да се свртиме кон граѓаните кон здравјето,сметам дека треба да се донесат некои мерки, Комисијата за болести оваа недела ќе заседава затоа што кривата почнува да расте, вели Исјановски.

Б.М.

 

Слични содржини