335
„Во моментов имаме вакцини. Добро е што се наоѓаме во фаза во која граѓани се заинтересирани за вакцинација. Има одредена фаза како што ги следиме примерите во другите земји каде кога ќе се имунизира 30 посто од населението тогаш се стагнира, па се стимулира населението на одредени начини“, вели д-р Мери Киријас од
Институт за имунобиологија и хумана генетика во 24 Анализа.
Таа напомена дека сите вакцини се подобри отколку да не се заштитиме.
„Секоја заштита е подобра од никаква заштита.Тоа важи за сите вакцини тие не штитат 100 проценти не само Синофарм од секоја вакцина може да се заболи, но не може да биде со смртни последици. Во принцип колку поголем број на лица се вакцинира тие ги штитат другите кои не се“ , вели Киријас.