Др.Кунгуловски објасни како да се стесни ланецот на преносливост на вирусот при дефицит на вакцини

од Берта Китинска
284 прегледи

Доктор Горан Кунгуловски на својот Фејсбук напиша која стратегија според него е најдобра за вакцинирање при дефицит на вакцини.

-Според мене најдобрата стратегија за вакцинирање при дефицит на вакцини (а таква е глобалната состојба) и воедно најхрабрата и најпрагматичната и најчовечната е следната:

Иницијален едно-дозен режим на што поголем број на луѓе, којшто после 2-3 недели води до некаков имунитет [3/4 од вкупен].

Примена на дво-дозен режим кај постари возрасни групи.

Придобивките од оваа стратегија се двострани:

Стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и

Намален број на луѓе кадешто потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста.

Во секој случај, некаков имунитет [10-30% намаленa ефикасност во споредба со две дози] кај многу луѓе е подобар од “дво-дозен” имунитет кај помала бројка на луѓе и далеку подобар од никаков имунитет кај голем број на луѓе, пишува Кунгуловски.

Слични содржини