Др.Кунгуловски: За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од тој што тековно циркулира

од Берта Китинска
354 прегледи

Доктор  Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“,  во својата објава на Фејсбук објаснува дека во Македонија е доминантен британскиот сој а бразилскиот и јужно-африканскиот сој доколку сега влезат во земјава и се детектираат најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

-За бразилскиот и други соеви

Како сој се дефинира тип на вирус што се разликува од изворниот според акумулација на мутации коишто водат до промена на неговите биолошки особини (пр. зголемена преносливост, зголемена смртност, избегнување на имун систем и слично).

Соевите како британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот се дефинирани од 10-тици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Wuhan-ски сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.

N501Y мутацијата – води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2 вирусот. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот сој.

Е484К мутацијата – води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужно-африканскиот и бразилскиот сој.

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.

Среќа во несреќа, засега, пишува Кунгуловски.

Слични содржини