Др.Лазаров: Не се шокирајте од денешните бројки, свесно одиме во ова сценарио

од Берта Китинска

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 1.197 заразени од Ковид-19, или за пет пати повеќе од вчера, кога беа регистрирани 242 случаи.Воедно детектиран е сојот омикрон кај девет лица од Скопје и Кочани.

Д-р Ненад Лазаров напиша свој коментар во врска со денешниот број на заболени:

-Како ќе му ги пуштат бројкиве на новиот министер само пратете.И не се шокирајте од денешните, свесно одиме во ова сценарио.Ама не очекувајте и некој да паничи дека сте болни заедно со вас, ваша одлука – ваш ризик – ваше здравје.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.

Слични содржини