Др.Мехмедовиќ: Овој Велигден во Ковид центар, повторно скафандер, визирот заматен….

од Берта Китинска
332 прегледи

Минатиот Велигден ме пречека со празни улици. Тогаш за првпат облеков скафандер, ставив визир и го поминав денот прегледувајќи во хотелите за карантин. Не беше последен таков…, пишува доктор Злате Мехмедовиќ кој е дел од тимот лекари кои се грижат за пациентите во ковид центрите.

-Овој Велигден во Ковид центар, повторно скафандер, визирот заматен, погледот јасен, срце исполнето, се чувствува Божјата благодат, зошто Бог е со сите нас во нашите страданија и ни дава сила да издржиме. Да бидеме благодарни за секој нов ден, и да се обидеме да бидеме подобри луѓе од оние коишто бевме во денот што помина. Да се чуваме едни со други!Секое зло згаснува, и доброто блеснува ако имаме мир во душата, верба во Бога, љубов и радост во срцето, почит и разбирање. Христос Воскресе Нека е за многу години!, пишува  Мехмедовиќ.

Слични содржини