278
Психолошкиот стрес кај здравствените работници кои работат во Ковид центрите може да доведе до нарушување на менталното здравје, вели во своето гостување на МТВ1, др. Злате Мехмедовиќ.
-Само 1 од секои 4 здравствени работници бара стручна помош поради појава на симптоми на пострауматско стресно растројство. Повеќе од 70% од лекарите одговориле дека доживуваат Burnout синдром (синдром на согорување) и чувство на професионална неисполнетост. Медицинскиот персонал не е “ресурс” што може да се замени, квалитетот на физичкото и менталното здравје треба и може да се одржи, вели Мехмедовиќ.