234
Доктор Мехмедовиќ смета дека сите здравствените работници треба да се вакцинираат и да бидат пример за останатите.
„Проблемот со тоа што населението не беше доволно едуцирано за вакцините , доведе до оваа ситуација да се донесат овие мерки за да се има постабилна зима и да има помала ескалација на бројот на заболени.Ова е непопуларна мерка и ќе биде лошо прифатена кај дел населението. Ја пропуштивме патеката за едукација на населението, сега ќе се соочиме со непопуларни мерки “, вели Мехмедовиќ во изјава за Канал 5.