Др.Мехмедовиќ: Сојот омикрон манифестира лесна форма на вирусот и ги зафаќа помладите

од Берта Китинска

Се’ уште е рано да се каже дали треба да стравуваме од новиот сој на коронавирус омикрон, но само два дена откако на 24 ноември беше детектиран, веќе во светот се преземаат мерки за да се успори неговото ширење. Сепак, не е решение да се затворат границите за влез на патници од земјите каде што беше детектиран вирусот. Треба да се размислува за задолжителен карантин на овие патници и тестирање за да се потврди евентуално присуство на вирусот, рече денеска во Утрински брифинг, доктор Злате Мехмедовиќ, специјалист по медицина на труд.

Тој вели дека е премногу рано за да се зборува за симптомите.

– Од искуствата на лекарите кои работат во Боцвана и Мозамбик станува збор за лесна симптоматологија која е поврзана со главоболка, премореност и болки во мускулите. Од друга страна, докторите кои работат во интензивните одделенија во Јужна Африка предупредуваат на тоа дека многу млади се во средно тешка или тешка клиничка форма на болеста. Два аспекти треба да земеме во предвид, има лесна форма на болеста, но границата на заболени се спушта се пониско и ги зафаќа помладите, предупредува д-р Мехмедовиќ.

Слични содржини