Др.Несторовиќ: Природата сака да сме дебели, но ако сакате да ослабете, ова е најлесниот начин!

од Берта Китинска

„Организмот сака да сме дебели. Имаме милион начини како да акумулираме маснотии, а, немаме ефикасен начин како да се ослободиме од тоа.

Затоа е страшно тешко да држите диета и постојано да сте гладни, незадоволни и депресивни. Многу малку се зборува за тоа. Природата ја фаворизира дебелината. Имаме докази дека оние кои се дебели се многу повитални“, вели професор д-р Бранимир Несторовиќ.

Тој наведува дека пред неколку месеци е објавен научен труд во кој се испитува смртноста на пациентите кои биле подложени на операција. Се покажало дека дебелите луѓе умираат двапати помалку по тешките кардиохируршки зафати отколку слабите луѓе, бидејќи природата предвидела дека ќе бидеме малку дебели поради терморегулација, за да одржуваме добра тежина“.

„Ако навистина сакате да ги избегнете штетните ефекти на дебелината, тоа е навистина лесно, не внесувајте премногу калории. Треба да јадете квалитетни калории, протеински појадок, што е можно повеќе овошје и зеленчук, држењето строга диета е многу тешко. Сакам тоа да им го раскажувам на студентите од книгата на Вокиј Костиќ „Како се јадев себеси“, а, тој раскажува како ја напишал музиката за филмот „Кој тоа таму пее“, лекарите му забраниле да јаде сè – не смеел да јадеш мрсно, не смеел ова-она, а, тој седел со денови на клавирот и главно излегувале од пијаното маршеви на смртта без престан и на крајот еден ден му пукнал филмот и испечел јагне со компири и ја напишал комплетната музика за филмот“, објаснува докторот.

„ Во последниве години, дводневниот пост е многу популарен, а тоа е нашиот пост во православието, дводневниот пост се состои од земање 500 калории двапати неделно. Најважно е да се избегне ефектот на глад, каде што копнеете за храна, сонувате за храна и одеднаш го празнете фрижидерот до прејадување“, советува Несторовиќ.

Тој додава дека денот кога ќе го изгладнете имунитетот доживува неверојатна стимулација.

„Научно е докажано дека кога јадете нешто, телото ослободува допамин и тоа нè прави среќни. Проблемот со дебелите луѓе е што тие земаат поголеми количини храна што доведува до прекумерна стимулација на желудникот, тогаш допаминот се лачи помалку и тие јадат повеќе и повеќе за да го доживеат тоа задоволство. Овој ефект постојано се намалува и тие треба да јадат повеќе. И мозокот произведува се помалку допамин, исто така, престанува да лачи хормон лептин, т.н. хормон на ситост и веќе нема чувство на задоволство после јадење и повторно се гладни.

Затоа не е лошо да се земат некои интегрални житарици на крајот од оброкот бидејќи е научно докажано постоењето на хормонот наречен иризин, а токму житарките предизвикуваат синтеза на овој хормон кој го нормализира инсулинот, бидејќи сме гладни за покачени нивоа на инсулин. Така, на крајот на оброкот е препорачливо да се напиете чаша црвено вино и да консумирате малку интегрални житарки“, заклучува д-р Несторовиќ.

 

 

 

 

Слични содржини