Косовски аналитичар: Изборите во Македонија покажаа дека Албанците веќе не се клучен фактор, така ќе биде и во регионот

од Nikola Popovski

Косовскиот аналитичар Дритеро Арифи оценува дека по изборите во Македонија, албанската заедница повеќе нема да биде клучен фактор и во фокусот на вниманието, туку дека земјата ќе се фокусира на прашањето за бугарското малцинство како услов за членство во ЕУ.

„Северна Македонија ѝ служеше на политиката, тоа во моментов не се гледа на површина. Ова е просрпска политика за да се задржи регионот под притисок. Албанскиот фактор ќе биде губитник не само во Македонија, туку и во целиот регион. Се намалуваме во погледите на светот“, рекол Арифи за косовската „Teve1“.

Коментирајќи ги изборните резултати во земјава, тој додал дека албанската заедница нема да го има значењето кое било промовирано за време на изборната кампања.

„Не верувам дека важноста на Албанците ќе биде онаква каква што очекуваа, барем како што промовираа во предизборната кампања. Најголем фокус ќе биде бугарскиот елемент, бидејќи тоа е и услов Македонија да биде интегрирана во ЕУ. Мислам дека тука ќе се случи најголемата борба и ќе има промени за бугарската заедница. Доколку Бугарите станат дел од Уставот, Албанците ќе бидат секундарна или терцијарна тема од многу мало значење. Меѓународниот притисок ќе биде Македонија да се приближи до ЕУ“, смета Арифи.

Слични содржини