Советникот на Курти обезбеди место во македонското Собрание

од Nikola Popovski

На вчерашните претседателски и парламентарни избори, Движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти имаше тројца кандидати за пратеници, од кои Беким Ќоку, советникот на Курти, успеа да обезбеди место во македонскиот парламент. Самоопределување настапуваше во рамките на опозицискиот блок ВЛЕН, кој се очекува да има 13 пратеници.

Според првите резултати од вчерашните парламентарни избори, кои утрово ги објави Државната изборна комисија, од 99,260 отсто преброени гласови, се очекува коалицијата предводена од партијата на Христијан Мицкоски да има 58 мандати во новиот парламентарен состав. Коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ треба да има 19 пратеници, со што ќе биде втора политичка партија во земјата.

Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ се очекува да има 18 пратеници. Левица и Движењето ЗНАМ ќе бидат претставени во парламентот со по шест пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат помалку од еден процент гласови.

Победничката ВМРО-ДПМНЕ најави коалиција со ВЛЕН, отворено велејќи дека ќе ја остави ДУИ во опозиција.

Шефот на ДУИ, Али Ахмети му честиташе на Мицкоски, порачувајќи синоќа од седиштето на партијата дека „сите можеме да се сретнеме утре“ (за коалиција), додавајќи дека сепак „легитимитетот ѝ припаѓа на втората сила во државата“.

Слични содржини