Др.Пановски: Дефинитивно нема да бидам кандидат за градоначалник, иако ми беше понудено

од Берта Китинска
690 прегледи

Дефинитивно нема да бидам кандидат за градоначалник на Скопје, иако ми беше понудено. Едноставно, за таа функција немам ниту искуство ниту знаење, а според тоа, разбирливо, ниту волја да ја работам, вели во изјава за „Локално“, микробиологот Никола Пановски кој е дел од новото граѓанско движење на центарот кое пред неколку дена го промовираа партиите ЛДП и ДОМ.

Пановски објаснува дека неговото приклучување кон ова движење има за цел да им помогне на двете партии да се освојат што поголем број на гласови на претстојните локални избори.

-Целата ми е да помогнам ова движење да освои релевантен број на гласови на локалните избори, што поголем број на советници во советети, кои ќе имаат моќ да носат одлуки во интерес на граѓаните, и да спречат носење на урбанистички планови кои се спротивни на здравото и пристојно живеење на граѓаните, објаснува тој.

Докторот смета дека стручноста, одговорноста, културата на дијалог, љубовта место омраза, се едноставно шанса за да се спаси државата од погубниот антагонизам меѓу двете најголеми партии кои, според него земјава  ја носат во амбис.

Б.М.

 

Слични содржини