Др.Пановски: Несериозно е во време на пандемија да се менува министерот за здравство

од Берта Китинска
469 прегледи

Без да се навреди некој било кој да дојде и најголемиот стручњак несериозно е во време на пандемија да се менува министер баш oд тој ресор, вели Д-р Никола Пановски во Утрински Брифинг

-Се пазареа можеа здравството да го остават и се плашам со која храброст тој што ќе дојде од Алтернатива ја прифаќа оваа нова задача.Човек треба да се замисли во што влегува ова не е првпат да се случуваат вакви работи.Ајде да е стручњак во оваа област па да речеме дека ќе се снајде во овој дел бидејќи здравството не е само пандемијата.Не познавам некој од таа партија кој ќе може да го води здравството, вели Пановски.

Слични содржини