Најчесто копјата се кршат за глупости на седниците на советот на Град Скопје, едната партија ќе предложи да му помогнеме на Вардар клубот, другата вели вие го уништивте вие ли ќе барате да го спасите, претпоставувам дека во септември ВМРО ќе предложи да му помогнеме на клубот со 10 милони денари, тоа што го предложи СДСМ. Ако предложи СДСМ, градоначалникот вели НЕ, јас ќе предложам и по три саати пауза, они ќе го предложат истото, вели микробиологот Никола Пановски кој е и советник во Град Скопје во „Жешко политичко лето“.
Тој појаснува дека исто било и во предлагањето за помошта со Украина, помошта за семејствата на настраданите во автобуската несреќа и дека седниците најчесто поминуваат во напаѓање и разговри за одење на предвремени избори.