Др.Петличковски: Голем дел од смртните случаи од ковид се должи на нашето запоставено здравје

од Берта Китинска

Препораките за лекување на корона вирус официјално се јавно објавени на веб-сајтот на Министерството за здравство, информираше денеска претседателот на Комсиијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

-Препораките или протоколите постојат, но имавме проблем, а од денес се обелоденети на сајтот.Тоа се препораки за лекување, не се протоколи. Овие препораки се веќе четврта или петта верзија на постоечки, кои во минатотот се користеле, но претрпеле промени. И ове препораки ќе претрпат промени. Немаат обврзувачки карактер, но од едно место да се црпат информации од релевантни извори, рече Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој посочи дека во другите земји има помала смртност поради здравствената култура.

-Голем дел од смртните случаи се должи на нашето запоставено здравје. На пример во други земји има помала смртност, поради здравствената култура, рече д-р Петличковски.

Слични содржини