Др.Петличковски: Не е момент маските да се фрлат, пандемијата се уште не е завршена

од Берта Китинска

Околу врвот сме на овој омикронски пик, овој последен бран на ковид инфекцијата брзо се ширеше и брзо ситвнува вели , директорот на институтот за имунобиологија и хумана генетика, Александар Петличковски во гостувањето во ТВ Сител.

Како што истакна тој, мора да бидеме претпазливи, потенцирајќи дека сме околу врвот на овој бран на сојот Омикрон, кој станува доминантен.

„Сојот Омикрон има полесна слика, но не сме сигурни дека кај секој сликата на Омикрон ќе биде таква. Не знаеме во кој момент оваа варијанта на вирусот ќе се промени во опасна. Мислам дека не е момент маските да се фрлат, пандемијата се уште не е завршена. Не е време за олабавување“, рече Петличковски.

Слични содржини