Др.Петличковски: Се размислува скринингот во училиштата да биде со брзи тестови

од Берта Китинска
264 прегледи

Ќе ги следиме научните сознанија кои ќе ги прилагодуваме, кажа новоназначениот претседател на Комисијата за заштита од заразни болести, Др. Александар Петличковски.

-Со примена на строги протоколи, проветрување и изолација на симптоматските случаи, но со инсистирање на физичко присуство на учениците во училиштата сакаме најмалку да наштетиме на психофизичкиот развој на децата.Се размислува скринингот да биде со брзи тестови, кои не се премногу, но имаме на располагање околу 20 000 тестови и ќе биде на случаен избор со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот кај овие старосни групи, рече Петличковски.

Слични содржини