Српскиот вирусолог и микробиолог д-р Миланко Шеклер смета дека вакцината против ковид 19 би требало да се плаќа и тогаш, сите би се „тркале“ да ја добијат бесплатно“.
Во гостување на ТВ Прва, д-р Шеклер истакна дека се залага за вакцината да се плаќа, но не да биде задолжителна.
– Јас сум против вакцинацијата да биде задолжителна, реков дека не треба да биде бесплатна. Бесплатна треба да биде само за оние кои треба да имаат посебни привилегии, војската, милицијата, здравството, образованието…нека биде бесплатно за нив, изјави д-р Шеклер.
На невакцинираните не им е забрането ништо, но имаат избор, прецизира вирусологот. Според него, тоа се однесува на одредени земји.
-Во Грција и Франција, невакцинираните луѓе можат да влезат секаде, но мора да имаат резултат од тест. На никој не му е ускратено правото да влегува во ресторан, но мора да го има едното или другото. Нека избираат што најмногу им одговара. Никој никогаш не треба да брза да го вакцинира, рече познатиот српски лекар.