Др.Софијанова: Десетина деца поради ковид 19, беа оперирани од слепо црево

од Берта Китинска
387 прегледи

„Децата се носители на вирусот, проблем е ако се сретнуваат со други, се движат повеќе, да не дојде до создавање на мутиран вирус“, вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести во Студио 10 на ТВ24.

„Треба да се размислува децата и адолесцентите да се вакцинираат. Во моментов на Клиника за детски болести речиси воопшто нема дечиња, заразени со Ковид 19. Комплетно различни слики покажува вирусот кај децата, за разлика од возрасните. Анализите покажаа дека доста голем проблем имаше кај децата со гастроинтестиналниот тракт, кај 10-тина деца имаше операција на слепо црево, второ бубрезите, инфекции“, вели Софијанова.

Слични содржини