Др.Софијанова: Испитувањата ќе покажат дали се работи за вирус или паразит кај децата

од Берта Китинска
327 прегледи

По бараната лекарска помош за дечињата со респираторни инфекции во Гевгелија, тим од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводен од  доктор Аспазија Софијанова, денеска пристигна во Општата болница да извршат дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика и поддршка на локалните педијатри.

„Не само во овој регион, туку и во други градови има зголемен број деца со горнореспираторна симптоматологија. Доаѓаме со комплетна опрема за да земеме цел респираторен панел и точно да утврдите дали се работи за вирус, мутација на вирус или некој вид паразит, но тоа ќе го знаеме откако ќе направиме прелиминарен увид во клиничката слика на дечињата, во дијагностиката што ја носиме со себе и дијагностиката што вчера ја направиле колегите од Гевгелија“,рече Софијанова.

Слични содржини