Др.Стевановиќ: Јас сум еден од предлозите за кандидат за градоначалник во Општина Центар

од Берта Китинска
319 прегледи

Јас сум еден од предлозите за кандидат за градоначалник, но за да се избере најдоброто за општината треба уште малку време за да се направи најдобриот избор, вели во изјава за „Локално“, директорката на Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, др.Милена Стевановиќ.

Актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, на почетокот на месецов  во општинското партиско седиште на СДСМ ја поднесе кандидатура за уште една трка на локалните избори наесен. И директорот на Државниот завод за заштита на индустриската сопственост и Претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски поднесе кандидатура за градоначалник на Општина Центар.Тој изрази надеж дека ќе извојува уште една голема победа и верувам дека Центар ќе го направи подобро место за живеење

Според медиумски информации, анкетите во СДСМ велат дека сериозен конкурент на Богдановиќ на претстојните локлани избори ќе му биде директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, Емилијан Станковиќ  и Горан Герасимовски.

Б.М.

Слични содржини