356
Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ вели дека постковид компликациите и кај децата и кај возрасните ќе бидат се почести.
-Колегите од кардиологија забележуваат се поголем број пациенти со сериозни акутни срцеви проблеми и тоа не кај толку возрасни пациенти кои го прележале вирусот асимптоматски или со прилично лесна форма на болеста. Што ќе следува понатаму, не знае ниту светската медицина засега. Верувам дека ќе имаме сериозна потреба од следење на постковид пациенти, можеби не веднаш 20-30 дена по прележување на болеста, но по подолг временски период, по неколку месеци, па дури и години, истакна Стевановиќ во емисија на ТВ Телма.