Др.Трајкова: Дали знаете што значат часовите поминати во карантин, под полна опрема и глад за воздух?

од Берта Китинска
583 прегледи

Доктор Славица Трајкова, која работи во инфективното оделение во велешката болница, е во првите борбени редови со пандемијата.Таа на својот Фејсбук профил објави статус во кој опиша како чувството да се биде со часови во карантин со полна опрема за заштита од ковид 19.

-ЖИВОТ ВО СКАФАНДЕР.Привидно симпатично нели? Здравствените Власти се “гордеат” со нас!?

Но, дали тие знаат што значат часови поминати во карантин, под полна опрема и глад за воздух?

Тоа значи Господа кога ќе излезеш од карантин, широко да ги отвориш сите прозори и врати и долго да дишиш воздух!Ве повикуваме да ги споделиме впечатоците!

Ќе Ви понудиме и вода која ја добиваме донација, ама ние немаме можност да се напиеме!И не само тоа…Ние го изгубивме здравјето, а многумина бели мантили и сопствениот живот!

Состојба на војна!Но, како и да е, продолжуваме да се бориме за нашите пациенти професионално, но и со многу емоции…

Човечкиот живот не е статистика!Статистика е кога ќе се соочите без квалификуван медицински кадар!”Бранот” Ве однесе во непознат правец…Дури и со компас нема да се снајдете!!!П.С. ПОСТОИМЕ САМО ЗА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ И НИВНОТО ДОБРО , пишува Трајкова.

Слични содржини