Др. Трипуновска од Итната медицинска помош: Невкусни шега можат да значат живот за некој

од Берта Китинска
321 прегледи

Имаме зголемен број на повици, пред се поради колапси. На високите температури треба да внимаваат сите, без разлика на возраста и здравствената состојба. И младите и навидум здравите можат да добијат топлотен удар ако се изложуваат на сонце во периодот од 11 до 17 часот, не се хидрираат доволно и не носат лесна облека и заштита на главата, вели  во Утрински брифинг, др. Маргарета Атанасовска Трипуновска, шеф на смена во Итната медицинска помош.

Таа апелира да престанат невкусните шеги со јавување на 194 и барање помош за непостоечка состојба.

-Многу пати сме апелирале, постојано укажуваме дека таквите невкусни шега можат да значат живот за некој друг кому навистина му е потребна нашата помош, но сепак недоличното однесување продолжува, вели д-р Трипуновска.

Слични содржини