„Драги Еван Хансен“ доби „Тони“ за најдобар мјузикл

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Музичката претстава “Драги Еван Хансен” (Dear Evan Hansen) беше прогласена за најдобар мјузикл на Бродвеј оваа година. Во Њујорк се одржа 71-та церемонија на доделување на театарските награди “Тони”.

Претставата раскажува за судбината на млад човек кој станал популарен во социјалните мрежи. Музиката е на американските композитори Бенџ Пасик и Џастин Пол, текстовите на песните се на драматургот Стивен Ливенсон.

Наградите “Тони” се основани во 1947 година и го носат името на театарската актерка, сценарист и режисер Антоанета Пери, нарекувана Тони, која починала во 1946 година.

“Тони” се доделуваат за најдобрите продукции на Бродвеј. Се сметаат за театарски аналог на наградите за кино “Оскар”.

Носителите на наградите се определуваат со гласање од жири, во кое влегуваат претставници на театарски еснафи, режисери и театарски критичари.

Церемонијата се одржа во неделата вечер (вчера) во “Рејдио сити мјузик хол” во Њујорк. Водителот на шоуто беше актерот Кевин Спејси.